ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Виктор Димовски ем амбасадор, ем не си оди од Агенцијата за безбедност

Виктор Димовски ем амбасадор, ем не си оди од Агенцијата за безбедност

Виктор Димовски иако доби одобрение за амбасадорско место во Париз, сепак не ја ослободува функцијата директор на Агенцијата за национална безбедност. Министерот за надворешни работи Бујар Османи признава дека законските рокови за процедурата се веќе надминати.

Advertisements

„Очигледно да. Иако законот предвидува одредени рокови, по добивањето на одобрението, разговорите во министерството мора да завршат во рок од два месеци, за жал поминаа неколку месеци и тоа не случајно, веројатно затоа што институцијата што тој ја води, очекува да има наследник. Но, еве, јавно повикувам да се постапи што побрзо и да бидеме во законските рокови“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Прашавме во Владата кога ќе биде именуван нов директор на Агенцијата за безбедност. Ни одговорија дека тоа ќе се случи врз основа на процедурите и оти јавноста ќе биде информирана.
Името на Виктор Димовски за нов амбасадор во Франција се споменуваше во првите месеци од годинава, но тоа беше потврдено дури во септември.

Димовски е дипломат, но неговата работа во АНБ беше проследена со критики и контроверзии главно поради неодобрувањето на барањата за државјанства (главно од Албанци). Во фиоката на Димовски во моментов неразгледани се над 3.000 барања за државјанство врз основа на неодамнешните законски измени./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button