
Виктор Вембањана го одигра својот најдобар меч во досегашната НБА-кариера откако францускиот центар издоминира на дуелот со Вашингтон, предводејќи го својот Сан Антонио до триумф од 139-130. Тој на теренот мина „само“ 32 минути во кои стигна до 50 поени, надополнети со шест скока, две асистенции и три блокади.
Вембањама со тоа стана најмладиот центар кој успеал да постигне 50 поени во најсилната лига во светот, а осумте погодени тројки се рекорд на французинот во НБА.
Кливленд ја продолжува неверојатната серија, па синоќешниот триумф во Филаделфија (106-114) беше 13. во низа за кавалирс, кои остануваат единствен тим со перфектен скор од стартот на оваа сезона. Гарланд со 25 и Мичел со 23 поени ги предводеа стрелците на победничкиот тим, а на Филаделфија не и помогна ниту одличното издание на Мекеин и неговите 34 поени.
Леброн Џејмс потсети на своите најдобри денови предводејќи го тимот на ЛА Лејкерс до триумф над Мемфис од 128-123, меч на кој „кралот“ издоминира со 35 поени, 12 скокови и 14 асистенции.
Резултати НБА:
Орландо – Индијана 94-90,
Бруклин – Бостон 114-139,
Њујорк – Чикаго 123-124,
Оклахома Сити – Њу Орлеанс 106-88,
Филаделфија – Кливленд 106-114,
Хјустон – ЛА Клиперс 111-103,
Милвоки – Детроит 127-120 (по прод.),
Сан Антонио – Вашингтон 139-130,
ЛА Лејкерс – Мемфис 128-123,
Портланд – Минесота 106-98,
Сакраменто – Феникс 127-104.