ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вилма Русковска го мерка местото на државниот обвинител Јовевски?

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска иднината не ја гледа во пензија, туку во високите органи на Јавното обвинителство. Таа вечерва гостува во емисијата „360 степени“ на Алсат рече дека ако републичкиот обвинител Љубомир Јовески стане уставен судија, таа би можела претендира на неговото место.

„Искрено да ви кажам немам многу размислувано, затоа што имаме актуелен  државен обвинител. Доколку биде избран за судија, можеби и ќе размислам“, рече Русковска.

– А, инаку, што би правеле?
„Па, веројатно ќе одам во пензија“, вели Русковска.

– Ако не сте државен обвинтиел, ќе одите во пензија?
„Да. Не, има и друга опција, доколку има оглас за во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, не мислам за државен обвинител, туку за обвинител таму, би се пријавила“, рече Русковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button