Винаријата Сковин обележа 41 година од нејзионото основање

Винаријата Сковин обележа 41 година од нејзионото основање. Представниците од винеријата велат дека најголемата грижа на компанијата е кавлитетот на вината и развој на компанијата. Во наредниот период очекувањата да се продолжи со пласманот на вината во регионот, на пазарот на ЕУ како и на сите интернационални пазари. Винаријата Сковин располага со 600 хектари лозови насади, од кои произлегуваат повеќе од 24 различни типови на вина.
„Сковин во моментов е во интензивно развивање и унапредување. Винарија Сковин груп како најголема скопска винарија и винарска визба со капацитет од 17,5 милиони литри вино се пласира на 18 светски пазари на пет континети. Вината на Сковин имаат добиено 53 меѓународни нагади и признанија за квалитет на многу саеми и меѓународни фестивали“, рече Александар Тренчевски- генерален директор на винаријата Сковин.