
Фудбалерот на Реал, Винициус Жуниор изјави дека би сакал да ја заврши играчката кариера во мадридскиот клуб, пренесуваат шпанските медиуми. Реал ја победи Осасуна со 4-0 во деветтото коло од шпанската Примера, а Винициус на овој натпревар постигна еден гол.
„Секогаш ми е чест да играм овде пред овие прекрасни навивачи и со сета љубов што ми ја даваат. Среќен сум што играм за Реал, сакам да го правам ова до крајот на животот“, изјави Винициус, кој е член на Реал од 2019 година.
23-годишниот Бразилец сезонава одигра седум натпревари и постигна три гола. Тој има договор со Реал до 30 јуни следната година, а шпанските медиуми наведуваат дека Винисиус наскоро треба да ја продолжи соработката со мадридскиот клуб.