СПОРТФУДБАЛ

Вирџил Ван Дајк, е прва опција за Баерн Минхен ова лето

Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк. Иднината на 32-годишниот холанѓанец на „Енфилд“ е сѐ понеизвесна и баварците се подготвени да ја искористат ситуацијата доколку добијат шанса.

Advertisements

Договорот на Ван Дајк истекува за една година и во оваа фаза нема знаци за негово обновување. По претстојната разделба на менаџерот Јирген Клоп, се очекува да има многу промени во Ливерпул, една од нив би можела да биде поврзана со Ван Дијк, кој на лето треба да биде ставен на трансфер – листата.

Во исто време, Баерн бара опции за засилување на одбраната и Ван Дајк е една од опциите за кои размислуваат на „Алијанц Арена“. Германскиот гигант ќе чека до лето да ги процени сите опции, но доколку холанѓанецот биде пуштен на пазарот, сигурно е дека клубот од Минхен ќе упати понуда за него.

Сепак, ова не е единствената опција пред искусниот дефанзивец, кој е искушуван од неколку клубови од Саудиска Арабија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button