
За денеска е закажан виртуелен самит на Берлинскиот процес на кој домаќин е Германија. Германската канцеларка Ангела Меркел по повод самитот изрази убеденост дека иднината на Западен Балкан лежи во вистинска обединета Европа. Таа изрази уверување дека самитот ѝ овозможува да продолжи да работи со шефовите на држави и влади на Западен Балкан во овој процес, познат како Берлински процес, а до кој дојде на иницијатива на Германија во 2014 година.