Висар Ганиу: Ова што градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го прави не е случајно, туку зад неа се кријат функционери на ДУИ
Висар Ганиу: Ова што градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го прави не е случајно, туку зад неа се кријат функционери на ДУИ

Градоначамикот на Чаир Висар Ганиу рече дека ова што градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го прави не е случајно, туку зад неа се кријат функционери на ДУИ. Додадва дека иако имале договор со неа пред изборите за реализција на многу проекти кои самата ги ветила, ниту еден од тие проекти не ни полчнал со реализаија, иако оптшина Чаир ја доставила потеребата документација. Обвинувањата за фалсификат од страна на Арсовска ги нарече шпекулации и најави тужба. Посочи дека за сите јавни обвинувања има органи кои што треба да се занимаваат со овие премети.
„Госпоѓа Арсовска добила задача да се поигрува и да ја напаѓа Општина Чаир, бидејќи повторно, функционери на ДУИ, или мажите од ДУИ на народен јазик, се кријат зад госпоѓа Арсовска. Тие најдоа стратегија за госпоѓа Арсовска да биде на терен, тие да се зад сцената, во сенка се луѓето што ги споменавме неколку пати“, рече Висар Ганиу.