
Владата на Шпанија формираше независна комисија ќе има задача да го надгледува процесот за решавање на корупциските скандали во фудбалската федерација, а на чело на овој орган постави добропознато и звучно име.
Главната задача ќе ја има славниот Висенте Дел Боске, поранешен селектор на Шпанија и светски шампион со „фуријата“. Искусниот стратег ќе има должност да ги спроведе сите чекори зацртани во постапката против Педро Роча и пораннешниот претседател, Луис Рубијалес.
Од министерството за спорт и образование изјавија дека Дел Боске самиот се понудил за оваа задача, а тие без двоумење прифатиле затоа што се работи за едно од најценетите имиња во спортскиот живот во Шпанија. Легендарниот тренер ја освои и европската титула со својот национален тим, а исто така има и две титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид.