МАКЕДОНИЈА
Вишо скопско обвинителство, се повлече и Рустеми

По повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, од трката за шеф на Вишото обвинителство во Скопје се повлече и вториот кандидат, Бурим Рустеми. Со тоа, сега има само еден кандидат. Тоа е актуелниот претседател Мустафа Хајрулаи. Тој го водеше ова обвинителство во последните четири години, а пред една недела беше назначен за вршител на должноста. Своето повлекување Рустеми го објасни со малите шанси за победа.