МАКЕДОНИЈА

Висок претставник на Руската православна црква на посета во Скопје

Рускиот митрополит Антониј, задолжен за дипломатските односи во Руската православна црква, денеска пристигна во Скопје во посета на МПЦ. По средбата со поглаварот г-дин г-дин Стефан, Антониј кусо изјави дека дошол во земјава за лично да му го честита именденот на поглаварот и да пренесе поздрави од рускиот патријарх Кирил. На средбата во Синодот, митрополитот беше придружуван од амбасадорот на Руската федерација во земјава Сергеј Баздникин. Ова е прва посета на висок руски клирик откако Руската православна црква ја призна МПЦ како автокефална црква. Повеќе детали од средбата не беа откриени. Митрополитот Антониј изминатиов период беше на посети и во Србија и Бугарија. Дел од медиумите пишуваат дека тој дошол во Скопје да ги убедува македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија во Истанбул и да бидат на линија со РПЦ.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button