ВЕСТИСВЕТ

Високи претставници на САД и на Русија ќе седнат на преговарачка маса во Ријад

Високи американски и руски претставници, вклучително и министрите за надворешни работи на двете земји, денеска ќе разговараат за подобрување на билатералните односи и преговори за ставање крај на војната во Украина. Тоа ќе биде најзначајната средба меѓу САД и Русија од целосната инвазија на руските трупи во соседната земја пред речиси три години.

Advertisements

Разговорите во Саудиска Арабија означуваат уште еден важен чекор на администрацијата на Трамп за промена на американската политика на изолација на Русија и имаат за цел да го отворат патот за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, јавија американските медиуми.

Франција синоќа свика итен состанок на земјите од Европската Унија и Велика Британија за да одлучат како треба да реагираат Европејците.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на Путин за надворешни работи Јуриј Ушаков вчера пристигнаа во главниот град на Саудиска Арабија. Ушаков рече дека разговорите ќе бидат „чисто билатерални“ и нема да вклучуваат украински претставници.

Според него, делегацијата на САД е составена од „сериозни луѓе“, но наведе дека Русија „исто така дојде со сериозен пристап“.

„Важно е да се започне вистинска нормализација на односите меѓу Русија и САД“, нагласи тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button