ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Високите температури ги испразнија школите

Високите температури ги испразнија школите

Високите температури  го отежнаа одржувањето на настава во  последните неколку дена во последната училишна недела, која годинава завршува на 17 јуни. Директорите на училиштата сметаат дека доцнат препораките на Министерството за образование, поради жешкото време да се работи со скратени часови. Според наставниците продолжувањето на учебната година немало  позитивен ефект, бидејќи поради високите температури голем број ученици отсуствувале од настава .

„Според мене, мислам дека не вредеше ова по 10 јуни, бидејќи температурите се високи. Па и концентрацијата опаѓа, концентрација нема доволно кај децата, како кога се ниски температури. Беше многу тешко, како за децата, така и за нас. Имаше отсутни, со температура, имаа главоболки,  не можеа да останат, седевме со отворени врати во училниците поради високите температури”, рече Ханифа Џемаили, наставничка.

“Попладнето учениците не можеа да се справат со жештината, има отстуство на ученици во паралелките, имаше и со вируси. Најчестите поплаки или барања се да излезат да се разладат. Според можностите, ги отворивме прозорците, некои кабинети имаат и завеси во училниците, ги спуштивме за да не е топло”, изјави Сулејман Исени, наставник.

За дел од учениците учебната година заврши денеска со враќање на книгите. Учениците рекоа дека учењето на високи температури е тешко.

„Ги држевме вратите и прозорците отворени и некако  се справивме со тоа“, рече еден ученичка.

Наставниците сметаат дека во иднина учебната година за учениците од основните училишта треба да заврши на 10 јуни, кога завршува и за средношколците.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button