ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Високите температури им заштедија пари на училиштата

Наставниците од основното образование спроведуваат различни активности со учениците за заштеда на електрична енергија по препораките на соодветните институции. Наставникот Меџаит Амети за Алсат изјави дека преку одредени проекти во и надвор од училишната зграда, учениците стекнуваат знаења како да се штеди струја, дома и на училиште.

Advertisements

„Се трудиме тоа што ќе им го покажеме на учениците овде, да го користат во своите домови за да не се троши струја поради светската енергетска криза. Преку некои цртежи се обидуваме да покажеме како да заштедиме струја или како можеме да користиме алтернативна енергија. Во таа насока се трудиме да ги поттикнеме учениците да користат сончева светлина“, вели Меџаит Амети, учител.

Директорот на училиштето „Бајрам Шабани“ во Кондово вели дека за зимската сезона веќе обезбедиле доволно нафта за греење. Заштедиле од количините поради топлото време изминативе денови.

„На време ги завршивме сите процедури, имаме нафта, почнавме да го користиме парното, но со нецелосен капацитет, благодарение на пријатното време и колку што можеме да заштедиме. Секое училиште има капацитети што ги дозволува општината, кои секоја година се повторуваат со потреба од дополнување доколку сезоната трае подолго. Нашето училиште има големи трошоци и има 21 тон нафта. Тоа е голем трошок и се смета за загадувач на Град Скопје. Општината презеде мерки да се опремиме со панели за производство на струја“, рече Менсур Јакупи, директор на О.У „Бајрам Шабани“, Кондово.

Со одлука на Владата, градинките, училиштата и другите институции кои беа на слободниот пазар за купување струја, ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на ЕСМ. Но и покрај ваквата одлука, оџаците на многу основни училишта се исчистени и подготвени, ако треба, да се префрлат на греење со дрва.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button