ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Високите температури ризични за сите граѓани

Високите температури ги погодуваат сите категории граѓани, од хронично болни до здравите а не се поштедени ниту децата. Докторката Сафјане Белчишта вели дека оваа недела во нејзината ординација е зголемен бројот на пациенти кои се жалат на изнемоштеност и замор, а речиси сите имаат висок или низок притисок.

„Деновиве поради големите горештини се појавија пациенти кои се жалат дека се изнемоштени, уморни, не можат да направат два чекора, да се качат по скали, а кога ќе дојдат во нашата ординација им го мериме притисокот и ќе видиме дека крвниот притисок кај постарите луѓе е понизок… Но кај луѓето од 40-45 години за прв пат поради жештината има висок крвен притисок, причината може да биде дехидрација, не консумираат доволно течности, затоа и притисокот е висок, што предизвикува и болки во градите и грбот на пациентите“, рече Сафјане Белчишта, докторка.

За да се избегне дехидрација, докторката препорачува да се консумираат течности, лесна храна, да се носи светла и лесна облека и да не се изложуваме непотребно на сонце.

„Секој час по една чаша, само не наеднаш да се пие, туку испијте ја чашата од 200-250 мл за 10 минути, ако ја консумирате веднаш може да предизвика негативни ефекти како повраќање или изнемоштеност… Поради високите температури, на пациентите им препорачуваме да не излегуваат надвор освен ако не треба од 11 до 17, 18 часот бидејќи сега денот е малку подолг и распоредот е променет. Но, ако им е потребно да излезат, да носат посветла облека и да имаат светла капа или светло обоен чадор на главата, бидејќи темната боја е попривлечна за сончевите зраци и може да  направи проблеми на самиот пациент“, додава др. Белчишта.

Од четврток земјава ќе биде во портокалова фаза, додека лекарите препорачуваат зголемена внимателност од ризиците предизвикани од високите температури.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button