Високите температури создааваат чувство на параноја

Високите температури го влошуваат менталното здравје на граѓаните. Ментално болните најтешко го доживуваат овој период, Според психијатарот Кадри Хаџихамза, нервозите се најчестите болести кои ги истакнуваат горештините.
“Сончевата топлина, ултравиолетовите и инфрацрвените зраци влијаат на мозокот. Прво удираат во главата, доколку главата не е добро заштитена може да се прикажат различни пореметувања, но и оние што ги спомнавме т.е. се влошуваат параноичните идеи. 11:28 Која состојба е понагласена во овој жежок период, ви кажав за нервозите, нервозите се група на болести… едноставно можеме да ги дефинираме како болести базирани на нерви. На пример, Човекот чувствува дека во ова топло и суво време, вели дека не можам да дишам, дека има проблеми со белите дробови, со дишењето, срцето не ми работи добро. Но, ако ги направите тестовите, ќе видите дека кај тој човек нема никаква болест, туку се е во главата – психолошки“, рече др. Хаџихамза.
Земјава ќе остане под врел топлотен бран до крајот на оваа недела. Метеоролозите очекуваат од следната недела да има мало намалување кое нема да трае долго.
Поради високите температури, Владата препорачува ослободување од работа на трудниците и постарите лица над 60 години. Во градинки не треба да се практикуваат физички активности во отворени средини, да се избегнува работно време под директна изложеност на сонце во периодот од 11 до 17 часот, додека лекарите препорачуваат консумирање свежа храна и течности колку е можно повеќе, како и носење соодветна облека за високи температури.
Вјолца Алити