МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерката бара објаснување од Артан Груби за злоупотреба на службеното возило

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, ќе бара објаснување од нејзиниот колега Артан Груби зошто на партискиот состанок на ДУИ во петокот го користел службеното владино возило. Имено, сите телевизии снимија како Груби влегува во луксузното службено возило по состанокот во Мала Речица. Во изјава на „мкд.мк“, од кабинетот на Грковска денеска соопштија:

Advertisements

„Принципот на одвојување на државните и јавните функции од партиските активности е еден од клучните елементи на доброто владеење. Сите функционери во рамките на своите партиски активности не треба да користат државни ресурси, вклучително и службени возила.“

Владата од порано реши да ги заостри критериумите за користење на владините возила, а донесе и посебна Одлука за начинот на нивно користење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button