МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерката Грковска била против некои делови од измените во КЗ

Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, тврди дека со неодамнешните измени на Кривичниот законик се зајакнуваат процедурите за конфискација на имотот на лицата кои ја злоупотребиле власта. Таа откри дека на владина седница ги критикувала одредбите кои се однесуваат на делата злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување. Но, јавно за тоа кажа дури откако измените без набрзина донесени. Се чини дека во обид да го одвлече вниманието од одговорноста на Владата за промените за кои се спротивставија многу експерти и меѓународните претставници, Грковска изјави дека судовите и обвинителствата мора да постапуваат ефикасно за граѓаните да не стекнеле впечаток дека во земјава владее политика на неказнивост.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button