ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Битиќи ја пречека косовската претседателка Османи на граничниот премин „Блаце“

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи утрово на граничниот премин „Блаце“ ја пречека претседателката на Република Косово, Вјоса Османи – Садриу, која престојува во дводневна посета на Република Северна Македонија, изразувајќи надеж дека оваа посета уште повеќе ќе ги зајакне одличните односи помеѓу двете земји, и ќе даде позитивен импулс за натамошен развој и интензивирање на севкупната соработка.Како што информираат од владината прес-служба, вицепремиерот Битиќи беше придружуван од амбасадорката на Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи, од амбасадорот Гоце Карајанов, посебен советник на претседателот Пендаровски за надворешна политика, и амбасадорот Кенан Рамадани, директор на Директоратот за протокол при Министерството за надворешни работи.

Вицепремиерот Битиќи е дел од делегацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски кој е домаќин на претседателката Османи-Садриу и ќе учествува на пленарниот состанок на делегациите на Северна Македонија и на Косово, по што е предвидена и заедничка прес – конференција на претседателите на двете држави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button