Вицепремиерот Фетаи за Алсат: Со шок терапија против корупцијата

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, во интервју за Алсат ги даде следниве одговори запрашан околу заложбите на владата за сузбивање на појавата на корупција и злоупотребите на службена положба во државата.
Прашање: Господине вицепремиер, која е првата мерка што ќе ја преземе Владата за да ја спречи злоупотребата на службената должност од страна на членовите на извршната власт на овој состав?
„Па, ние сите се согласуваме дека корупцијата достигнала загрижувачко ниво во земјата. Според Транспаренси интернешенел, последниот индекс за спречување на корупцијата, ние сме некаде меѓу Молдавија и Буркина Фасо. Ова, се разбира, е тотално неприфатливо за земја која се стреми да стане дел од Европската унија. Со право, многу меѓународни пријатели, вклучувајќи ги највлијателните амбасадори во земјата зборуваат за епидемијата на корупција, ракот на корупцијата што ги зафати сите делови на општеството и државата. И верувам дека треба да има шок-терапија. Не се решава проблемот со една мерка или со магично стапче, бидејќи нема магично стапче за овие работи. Значи, што се однесува до конкретни постапки што ќе ги преземеме како нова Влада, би истакнал три. Првата е систематски ревизии во секоја институција каде што знаеме дека имало, или сме добиле најави, известувања, пријави дека имало истакнати кршења кои се однесуваат на високо ниво на корупција, за да се изнесат одговорните пред лицето на правдата. Втората, како што знаете, во владината програма фигурира и измената на Кривичниот законик, донесена по измените во минатата година, кои беа многу штетни во борбата против корупцијата, особено членовите 353, 3535 и членот 394, кои, како што знаете, го намалија степенот на пресуди за одредени кривични дела, особено во делот на злоупотреба на службената должност, што резултираше со организиран систем на застарување на криминалот на високо ниво на корупција. Ова ќе се промени и Кривичниот законик ќе биде донесен повторно на начин што е во согласност со европските практики и со антикорупциските рамки на Европската унија. И третата, го кажавме и ова, а тоа е високо во владината програма, ќе донесеме системски реформи во правосудниот систем, особено фокусирајќи се на Советот на обвинители и Судскиот совет. Овие институции конечно треба да се ослободат од политичките влијанија, за да имаме ефикасен систем, доверлив систем на правда, бидејќи како земја, која се стреми да се зачлени во Европската Унија, ние рековме дека скопскиот суд или тетовскиот суд треба да бидат исто толку доверливи како судиите во Берлин или Бон, за да можеме да привлечеме нови инвестиции, за нашите луѓе, нашите бизниси да имаат правна сигурност и за да може земјата да се развива и да напредува како што треба“, рече вицепремиерот Положани.
Прашање: Имаше многу малку соработка, меѓу владините институциите со независните институции, како што е Комисијата за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија кој постојано расветлува можни злоупотреби. Што ќе направите за да ја подобрите оваа соработка?
„Би рекол дека проблемот не е во соработката, туку во тоа што недостига политичка волја, што беше видливо во власта која замина. Ова се докажува со многу докази. Степенот на спроведувањето на антикорупциската стратегија од страна на Владата, државата, е скандал сам по себе. Како што знаеме, нивото на спроведување е околу 10% на општо ниво, и многу институции тотално ја игнорираа оваа стратегија и нејзините обврски од оваа рамка. Исто така е скандал, недостигот на инвестирање, како што споменав претходно, во антикорупциските тела на земјата. Знаеме дека Антикорупциската комисија има исполнето само две третини од позициите предвидени со органограмот. Друга институција која сакам да ја истакнам е Канцеларијата за одземање на криминалните средства, која функционира само со двајца службеници. Во вакви околности, не можеме да очекуваме овие институции, кои се на првата линија, во фронтот, во борбата против високото ниво на корупцијата, да имаат задоволителни резултати, кога постојано се саботирани од страна на власта која замина, преку нефинансирање, оневозможувајќи да се регрутираат луѓето. Ова треба да се смени, а ќе се смени со ребалансот на буџетот. Верувам дека ќе имаме многу повеќе инвестиции и многу повеќе…“, рече Положани.
Прашање: Ветувате повеќе буџет и повеќе кадар за овие институции?
„Постојано зборувавме, и за време на кампањата, и во изминатите години, дека ќе има повеќе инвестиции, ќе има реформи и ќе има големи промени во областа на правото“, вели Положани.
Прашање: Во меѓувреме, што ќе се случи со функционерие кои се мета на овие две институции? Имаше истраги од Антикорупциска комисија за функционери од извршната власт, и за нив досега немаше никаква одговорност, бидејќи истражните институции, Обвинителството не ги третирала нивните предмети, и немало никаква, дури ни етичка одговорност за нив. Дали ќе продолжи да биде вака?
„Верувам дека и тоа многу брзо ќе се промени. Како што кажав, ќе има суштински реформи во правото, вклучително и во Советот на обвинители, Судскиот совет, Академијата, и всушност сите институции од секторот на правото, на начин што политичкото влијание врз овие институции веќе да не биде присутно, и овие институции ќе бидат професионални, доверливи, ефективни во борбата против корупцијата и во спроведување на законот, на крајот на денот, тука се работи за владеење на законот? Имаме поранешни министри, поранешни пратеници, членови на штабови, шефови на кабинети, особено на ДУИ, сакав да кажам, но го вклучува и СДСМ, како и други субјекти кои биле на власт порано, кои зафатиле реално секој дел од правниот систем и го користат овој систем во своја полза и во насока на амнестирање на нивните функционери. Затоа што овде има исклучителна поврзаност меѓу политиката и судството и како што кажав реформите треба да одат во насока на ослободувањетп на правото од политичките влијанија, преку донесување на елементи на ветинг и најдобрите европски практики во оваа насока“, вели Положани.
Прашање: Граѓаните во голема мера веројатно не ги забележуваат останатите злоупотреби кои можат да се направат од членовите на извршната власт, од другите функционери, но она што е очигледно и постојано се повторува и за време на изборните кампањи, и надвор од неа е злоупотребата на службените возила. Конкретно ме интересира дали имате решение за овој проблем?
„Лично сметам дека влијанието во државниот буџет на оваа појава, на овој проблем е мало, но ја разбирам иритацијата во голема мерка на граѓаните затоа што се работи за нивните даноци, како даночни обврзници, со право луѓето се бунат кога гледаат како функционери на државата ги злоупотребуваат службените возила на државата за приватни цели. Јас лично не сум користел службен автомобил надвор од моето работно време, а уште помалку во приватни цели, и тоа всушност би требало да биде норма, и според етичкиот кодекс на Владата, за кој е одговорен министерот за правда, а кој предвидува казни, забелешки, итн во такви случаи се прекршува етичкиот кодекс на Владата“, одговара Положани.
Прашање: Значи, 20 евра казна не е голема казна?
„Да, така е. Но, јас тука верувам дека решението е многу едноставно, доволно е да има политичка волја, има постојни практики за да ја направи оваа појава поочигледна и попроблематична за тие функционери кои ги злоупотребуваат државните ресурси. Косово, на пример, има таблички „З“ за службени возилка автомобили, што на некој начин оневозможува употреба на овие автомобили за приватни цели, бидејќи од сите се гледа дека предметното возило е државно возило, и кога едно возило „З“ ја преминува границата на пример кон Албанија или Северна Македонија, таму во Косово медиумите го проблематизираат и потоа не се повторува“, вели Положани.
Прашње: Можеме ли да го применуваме ова решение?
„Верувам дека е многу лесно да се применува ова решение, на начин на кој службените возила можат многу лесно да се идентификуваат, било преку табличка како што е случајот во Косово со „З“, табличка во боја како што ја имаат такси возилата во нашата земја, и верувам дека притисокот на граѓаните, притисокот на медиумите треба да се насочи на тој начин да не се повторат вакви појави, кои се злоупотреба на даноците на граѓаните. Да не се случуваат во иднина“, рече Положани.
Фатлуме Дервиши