Визбеговска „фавела“ на само 7 километри од центарот на Скопје

Овие снимки не се од некое зафрлено планинско село. Овие сцени се снимени во населбата Визбегово, на само 15 минути од плоштадот на главниот град. Жителите на над 20 куќи кои живеат во овој регион се соочуваат со недостиг на канализација и патна инфраструктура. Велат дека пред секој изборен циклус добиваат ветувања, но нивните проблеми никако да се решат, пишува Алсат.
„Да ни помогнат малку за оваа канализација, бидејќи имаме мали деца, може да дојдат и да се удават во оваа јама, миризбата е неподнослива. Кој и да дошол од политичарите, ни ветуваа дека ќе го направат, дојде Вело и ни рече дека ќе ја заврши работата, другиот дојде пред него и рече дека ќе го реши овој проблем… Проблемот е претежно со канализацијата, не им бараме работа, ништо, само ова го баравме, ни рекоа дека ќе биде, ќе се направи и ништо од тоа.“рече Агим Ферати, Жител на Визбегово.
Жителите се принудени да копаат септички јами во дворовите од нивните куќи, но тоа освен што предизвикува лоша миризба, често им носи и разни инсекти.
„Овде живееме од 1977 година, со документи. Секогаш сме барале, сме се жалеле, не можеме сами да си дозволиме, има најмалку 20 куќи кои се на мака од каналов. Овој канал е на место, само што не влегол внатре. Враќа таму, но го чистат со сунѓери низ куќата. Дупката е 5 метри длабока, земјата веќе не впива… Што да кажам? Тешко е, никој не се грижи, доаѓаат пред избори само да добијат некој глас, велат – да, а потоа ништо.“, рече Насер Ферати, жител.
Освен што нема канализација, жителите од оваа населба се жалат и на недостиг на асфалт и улично осветлување.
„Со јама не се живее, гледате сами дека ова е катастрофа, имаме деца. Се разболуваат од смрдеата, ова е голем проблем. И патот не е воопшто добар, навечер децата не се осмелуваат да излезат бидејќи нема светло. И такси и на доктор ако сакаме да одиме, катастрофа, колите не можат да влезат до тука. Зборуваме за 500 метри пат.“, рече Зимер Ферати, жител.
За решавање на проблемите на жителите од Качанички пат, упативме прашања до општина Бутел, но не добивме одговор./Алсат.мк
АЈНУР БАФЌАРИ