ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вјоса Османи денес и утре во официјална посета на Скопје и Тетово

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, која пристигнува во официјална посета на земјава.

Двајцата претседатели ќе имаат тет-а-тет средба, планиран е пленарен состанок меѓу делегациите на Северна Македонија и Косово, а во рамките на посетата двајцата шефови на држави ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата. Св. Спас“.

За време на официјалната посета на Скопје, Османи ќе има средби и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе зборува и на свечена седница на законодавното тело на државата.

Османи в четврток ќе престојува во Тетово. Превидено е во општина Тетово да има средба со  градоначалникот Билал Касами и заедничка изјава за медиумите. Потоа следуваат прошетки до основното училиште Лирија, градскиот плоштад каде ќе има музички настап со стари народни песни, како и посета на Шарена џамија, информираа од Општина Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button