
Со 71 глас „За“ и 11 воздржани, Вјоса Османи беше избрана за нова претседателка во Косово со 5-годишен мандат. Османи за нов шеф на државата беше предложена од редовите на владејачкото Движење самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти.
„Констатирам дека Собранието на Република Косово ја избра г-ѓа Вјоса Османи-Садриу за претседател“, рече Глаук Коњуфца, претседател на Собранието.