ВЕСТИРЕГИОН

Вјоса Османи: На Србија не ѝ е местото меѓу европските народи

Србија и криминалните структури се одговорни за ескалацијата на насилството во Косово и на Србија местото не ѝ е меѓу европските народи.

Advertisements

Ваква изјава за српски „Данас“ даде косовската претседателка Вјоса Османи од Кишињев, Молдавија, каде што денеска се одржува вториот самит на Европската политичка заедница.

„Србија не ѝ припаѓа на европската заедница“, вели Османи и додава дека „криминалните структури“ на северот на Косово се наоѓаат на меѓународни потерници и оти српските власти се во многу блиски односи со нив.

Пред Османи, официјален пречек на црвениот тепих во Молдавија имаше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на прашање на новинарите дали ќе се сретне со некои од претставниците на Косово, одговори дека не знае кој од косовските власти ќе присуствува на самитот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button