ВЕСТИРЕГИОН

Вјоса Османи за Си-ен-ен: Ако не се соочи со мерки, Србија би можела да го повтори насилството врз остатокот од регионот

Нарекувајќи го акт на српска агресија, косовската претседателка Вјоса Османи вели оти нападот во Бањска не се случил ненадејно, туку дека е планиран и подготвуван многу добро со цел, како што вели, да се анектрира северот на Косово во стилот на анексијата на украинскиот полуостров Крим кој Русија го припои во 2014 година.

Advertisements

Османи ова го изјави во интервју за американски Си-ен-ен говорејќи за последните засилени тензии помеѓу Косово и Србија кои настанаа по вооружениот напад во селото Бањска во кој загина еден косовски полицаец, а смртно беа ранети уште тројца Срби кои беа дел од напаѓачката група.

„Додека зборуваме, Косово се соочува со предизвици без преседан, безбедносни предизвици кои произлегуваат од актот на агресија врз Србија што се случи на 24 септември“, изјави Османи за Си-ен-ен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button