Вкупно 103 санкционирани возачи под дејство на алкохол
Вкупно 103 санкционирани возачи под дејство на алкохол

Вкупно 103 возачи биле казнети во текот на изминатата вечер, од 22:00 до 4:00 часот изутрина во спроведената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територија на цела држава. Од нив 24 на територија на СВР Битола, 23 на територија на СВР Струмица…
Како што информира МВР, во текот на изминатата вечер во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22:00 до 4:00 часот, во Кичево се санкционирани 36 возачи, од кои 10 за возење под дејство на алкохол, а еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.