ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вкупно 12 заклучоци произлегоа од јавната расправа за безбедноста во сообраќајот

Пратениците едногласно ги изгласаа заклучоците од јавната расправа за безбедноста во сообраќајот. Потреба од заострување на казнената политика преку измена на Кривичниот законик, и изменување и дополнување на 4-те закони, како и потребата од забрзување на активностите за целосна и ефикасна имплементација на системот „Безбеден град“, најдоцна до крајот на оваа година, се само два од 12-те донесени заклучоци.

Advertisements

Се препорачува да се изготви меѓуинституционален стратешки план за заедничка мрежа на МВР, со судовите и обвинителството, со цел да се забрза електронската комуникација и да се намали можноста за злоупотреба на системот.

Заклучоците ќе бидат доставени до надлежните институции и се очекува по нив да се постапи најдоцна до крајот на годината. Јавната расправа беше иницирана по трагичната несреќа на 29 јануари, кога Фросина Ќулавкова беше смртно прегазена од 20-годишно момче кој бил под дејство на алкохол и без возачка дозвола.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button