ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Вкупно 53 пожари на отворен простор низ државава
Вкупно 53 пожари на отворен простор низ државава

Вкупно 53 пожари на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од нив во моментов, 12 сѐ уште се активни, шест се под контрола, а 35 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Според соопштеното, три од активните пожари се на територија на општина Македонски Брод. По два се водат како активни во општините Кичево и Чашка. Огнените јазици се активни и во регионот на општините Дебар, Долнени, Новаци, Пласница, Ресен.
Линда Ебиби