ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата анализира дали да се укине царината за суровини од странство

Владата анализира дали да се укине царината за суровини од странство

Владата прави анализи дали да им помогне на компаниите од прехранбениот сектор во однос на укунување на царините за набавка на суровини од странство. Барањата на компаниите се разгледуваат и со конкретно решение ќе излезат во многу брз рок, велат за Алсат од Илинденска број два.

Advertisements

„Со бизнис заедницата имаме континуиран дијалог и сите отворени прашања ги решаваме преку инклузивен процес. Ние на почетокот на оваа година донесовме и законски измени со кои се укинаа или се намалија царините за над 250 индустриски стоки“, велат од Влада.

Компаниите конкретно од месната индустрија тврдат дека цените на своите производи ќе можат да ги намалат само доколку добијат укинување на царините за суровините кои ги купуваат за нивното производство. Со тој трошок се жалат дека се неконкурентни со производите од странство кои се продаваат по маркетите низ Македонија. Со евтината струја, бизнисмените велат дека ќе може производите да ги намалат само до пет отсто, иако пресметките на власта беа дека цените ќе се  намалат најмалку за 10 отсто. Но и ова намалување од пет проценти што го најавија од месната индустрија не се случи.

Мерката за поевтина електрична енергија од 80 евра за мегават час на располагање им беше на околу 1000 компании од прехранбениот сектор. За неа аплицираа околу 250 фирми, но според надлежните  и за останатите е обврска и тие да ги намалат цените за 10 до 15 отсто бидејќи имале можност да аплицираат, а не ја искористиле.

Граѓаните  се жалат дека и натаму нема корекција на цената на прехранбените производи, и покрај поевтината струја. Потврда за тоа дека животот во Македонија станува се поскап, дадоа и податоците од извештајот на Државниот завод за статистика кои покажуваат дека трошоците на живот во периодот ноември лани и истиот месец оваа година се зголемени за 19,5 отсто. Само трошоците за храна се зголемени за над 30 отсто храната. Од нив најголемо поскапување е забележано кај лебот и тоа над 40 отсто, млекото, сирењето и јајцата се продаваат поскапи за безмалку 40 отсто, месото е поскапо за речиси за 30 отсто. Сериозно зголемување на цените има и кај зеленчукот, а ништо поевтино не се продава ниту овошјето, слатките работи, топлите напитоци, како и безалкохолните пијалаци.

Ноември 2021/2022

Леб и жита                        42,5 отсто

Месо                                  29,1 отсто

Млеко, сирење, јаца         39,3 отсто

Масла и масти                   30,8 отсто

Овошје                                14,2 отсто

Зеленчук                              22,7 отсто

Шеќер, џем, мед, чоколади 19,7 отсто

Безалкохолни пијалоци      15,5 отсто

Кафе, чај, какао                   17,8 отсто

Од Народната банка објавија дека очекуваат стапката на инфлација до крајот на годинава да се намалува, и 2022 да заврши на ниво од 14,3 отсто./Alsat.mk

Иле Петревски

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button