Владата бара поддршка во Собранието за усвојување законски измени за спроведување на нови анти-ковид мерки

Владата бара поддршка во Собранието за усвојување законски измени за спроведување на нови анти-ковид мерки. Официјалната иницијатива од Владата веќе стигна до законодавниот дом.
ДУИ
„Владата донесе нови мерки што ќе стапат во сила веднаш по усвојувањето на законските измени во Собранието, мерки насочени кон заштита на јавното здравје. Ситуацијата со новиот бран на погодените од КОВИД-19 е исклучително тешка, сè ќе зависи од нас самите колку брзо ќе можеме да ја стабилизираме оваа состојба што ја погоди не само нашата земја, туку и целиот свет.
-Владата донесе нови мерки што ќе стапат во сила веднаш по усвојувањето на законските измени во Собранието
-ситуацијата со новиот бран е исклучително тешка, сè ќе зависи од нас самите.
Oпозиција проценува дека земјата е лидер во носењето на мерки, но институциите не се ажурни во нивното спроведување. Тие најавуваат разгледување на предлозите на Владата, и предлагање на нови.
„Дефинитивно, ќе бараме промена на Комисијата за заразни болести. Сите други чекори ќе ги покажеме со текот на времето преку амандмани. „Некој треба да сноси одговорност дека како држава не сме подготвени да се соочиме со пандемијата дури седум месеци подоцна“.
Владата му предлага на Собранието да одобри задолжително носење маски на јавни и затворени простории, да се забрани собирање на повеќе од 4 лица на јавни простори по 22:00 часот и да се забрани прием на повеќе од 4 лица на семејни забави и други ограничувачки мерки. За овие мерки да стапат на сила треба да се измени Законот за заштита на населението од заразни болести.
Fatlume Dervishi