ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата без коментар за изјавите на Фон дер Лајен

Владата и вицепремиерката Славица Гркова не сакаат да ги коментираат изјавите на претседателката на Европската комисија дека земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, нема да можат да ги користат средствата на Европската унија без да направат соодветни реформи во судството и без сериозна борба против корупцијата. Алсат побара став од Владата и од Кабинетот на вицепремиерот, но тие избраа да молчат. Додека од Комисијата за антикорупциска, Катица Николовска вели дека изјавите на меѓународните претставници докажуваат дека во земјава корупцијата се одвива на големи размери. Таа нагласува дека Владата и институциите продолжуваат да не ги сфаќаат сериозно препораките на Антикорупциската комисија.

Advertisements

Горан Трпеновски, вели дека негрижата на властите кон спроведувањето на препораките за борба против корупцијата, докажува дека не сакаат да се борат против корупцијата.

Претседателката на ЕК на Безбедносниот форум во Братислава презентираше нов план за земјите од Западен Балкан, кои ќе можат повеќе да имаат корист од средствата, но откако ќе ги направат соодветните реформи.

„Сакаме однапред да им понудиме на земјите од Европската унија некои од придобивките од членството. Но секако тоа значи и дека дел од условите за членство мора да се исполнат однапред 19:07 некои од реформите кои се дел од преговарачкиот процес се клучот за довербата на инвеститорите, само размислете за изградба на независно и ефикасно судство, зајакнување на борбата против корупцијата или енергетскиот пазар“, рече Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Поради незадоволство од работата на судството во земјава, како и последните случувања во Судскиот совет, Амбасадата на Холандија го прекина финансирањето на големиот проект чија цел беше унапредување на работата на Судскиот совет.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button