Владата чека одговор од Брисел за предлогот за промена на Кривичниот законик

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека со ништо не може да се исправи грешката од измените на Кривичниот законик во 2023 година, со кои практично беа амнестирани многу функционери за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување. Мицкоски, пак, нагласува дека и покрај овие измени одговорност ќе има.
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи е оптимист за договор меѓу власта и опозицијата за враќање на членовите врз основа на кои многу случаи на функционери се спасија од кривична одговорност.
„Мило ми е што мнозинството, речиси сите, впрочем, вклучително и самата опозиција, се оградуваат од нивните претходни постапки на овој план и се чини дека постои договор меѓу сите партии за нов Кривичен законик кој е во согласност со европскатаполитика со што се спречува застареноста на предметите како што видовме во минатото по промените од минатата година и што е во согласност и со препораките на меѓународните партнери“, рече Фетаи.
Алсат обезбеди пристап до новиот предлог за Кривичниот законик.
Во новиот Законик е преформулиран е членот 353 кој се однесува на злоупотребата на службената должност, особено во ставот 3 каде казната за предизвикување голема штета се предлага да од 3 до 10 години, а не како што е во моментов од 1 до 4 години. Во став 1 е предвидено ублажување на казната за службените лица кои ќе ги прекршат законските одредби за судир на интереси. Во претходните законици за ова дело беше предвидена затворска казна од 3 месеци до три години, а сега е предвидена парична или затворска казна до 1 година. Олеснување е предвидено и за прекршокот од став 2, за предизвикување голема штета. Претходно и во моментов казната беше од шест месеци до 5 години, сега се предлага да биде од шест месеци до 3 години. Во меѓувреме, се предлага да се додаде член кој предвидува казна за оние кои предизвикуваат голема штета или прибавуваат голема корист. Казната за ова дело се предлага да биде од 1 до 10 години.
Се очекува да се врати ставот 1 за делото злосторничко здружување, за кое со измените од 2023 година беше ублажена казната. Во моментов казната за ова дело е од 1 до 3 години затвор, но се предлага да биде од 1 до 10 години затвор. Се предлага да биде вратена мерката казна и за членовите на криминалната група како пред 2023 година, од една до 5 години затвор.
За овие и други измени на Кривичниот законик, Европската комисија треба да даде мислење, по што треба да помине до Владата, а потоа да го одобри Собранието. Според експертите, целиот овој процес може да трае подолго, па затоа до стапување во сила на новиот законик, се препорачува Собранието итно да ги врати старите ставови за да се избегнат уште поголеми штети.
Суад Бајрами