ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата дала согласност за „Адем Демачи“, ама одлуката на Чаир била несоодветна

Од Владата за Алсат потврдија дека пред две години дале согласност за списокот од околу 500 имиња на улици кои Градот Скопје ги предложил за промена. Дали и како ќе се користат имињата е целосно во надлежност на Градот, велат од извршната власт. Меѓу нив е и „Адем Демачи“. Сепак, според нив, преименувањето на улицата во Чаир од „Втора македонска ударна бригада“ во „Адем Демачи“ е несоодветно.

Advertisements

„Несоодветна е одлуката за преименување на улица именувана по херојската Втора македонска бригада. Ваквото мислење, како и посочувањето дека името на „Адем Демачи“, како писател и истакната косовска политичка личност е попогодно да остане на сосема нова улица не значи мешање во надлежноста на една општина, туку сосема спротивно, упатување во надлежноста на општината“, рекоа од Владата.

Одлуката за преименување на споменатата улица беше донесена пред две години во Советот на општина Чаир, во Советот на Град Скопје и во Владата. До нејзината промоција во петокот немаше никаква реакција од никого.

Но, градоначалничката на Скопје Денала Арсовска во советот сега иницира враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“.

„Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија“, рече Арсовска.

Претходникот на Арсовска, Петре Шилегов, кој беше на таа функција кога биле одобрени промените на имињата на улиците, вели дека „Втора македонска бригада“ и понатаму постои како назив наместо улицата Ловќенска 9.

„Улицата ‘Втора Македонска бригада’ никогаш не беше избришана во Скопје. Втората македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја, историјата на НОБ и партизанското движење. Така било, така и ќе остане. Популистичките изјави од која било страна, се резултат на тотална неинформираност или свесна манипулација со јавноста“, наведува Шилегов.

Според општина Чаир, целата постапка била законска.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button