ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата дозволи поскапување на овошјето и зеленчукот

Владата денеска донесе одлука од утре да се зголеми замрзнатата цена на доматите на 95 денри по килограм. Истата цена ќе важи и за краставиците, а за 10 денари се зголемува и цената на кромидот.

Advertisements

Максималната цена на пиперките ќе биде 100 денари со новата корекција од Министерството за економија. Леќата ќе се продава најмногу по 110 денари по килограм, додека сите останати производи кои подлежат на мерката ќе бидат под 100 денари.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека изминатата недела при увозот пристигнале, како што вели пореални фактури, на кои забележително било дека поскапувањето на доматите, краставиците, кромидот и гравот е за 30 отсто.

– Оваа мерка ќе трае цел месец и доколку забележиме поевтинување на цените на фактурите во текот на времето, ние ќе интеревенираме со поевтинување, рече Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button