ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата го скрoи ребалансот на буџетот

Владата го скрoи ребалансот на буџетот. Годинава државата ќе има задолжување од 900 милиони евра дома и во странство. Пари ќе се бараат за покривање на стари долгови и буџетската дупка која ќе биде речиси 700 милиони евра. Со прекројувањето државата планира да потроши 200 милиони евра повеќе, а во државната каса да се соберат 100 милиони евра за разлика од првичниот буџет. Расходите се проектирани на 4,6 милијарди евра додека приходите 3,9 милијарди евра.

Advertisements

„Задолжувањето пред се сведува на покривање на стари долгови кои што дома и странство се 11,8 милијарди денари или 200 милиони евра. Остатоткот е за покривање на дефицитот кои што е 42,7 милијарди денари или 696 милиони евра значи тоа е задолжувањето“, изјави Фатмир Бесими- Министер за финансии

За 95 милиони евра се намалени првично планираните капитални проекти и за нивна реализација се одвоени 520 милиони евра. Во предлог ребалансот се одвоени над 100 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите. Бесими вели дека ќе има таргетирани мерки, а мерката за ослободување на ДДВ-то на храна и намаленото ДДВ за акцизи може да бидат укинати за да не трпи штета буџетот.

„Ќе ја следиме состојбата и ќе одиме со мерки кои ќе бидат со поинаков дизајн или со по таргетирани мерки, мерки кои ќе помагаат на најранливите категории на граѓани, но и на најпогодените сектори со цел тие мерки да имаат поголеми ефекти, а друга страна приходната страна на буџетот да нема толкав терет каков што во моментов се соочуваме“, изјави  Фатмир Бесими- Министер за финансии

Од буџетските корисници се скратени 200 милиони евра за купување на мебел, возила и останати непродуктивни трошење. Со ребалансот на буџетот, очекувањата на Владата се дека македонската економија годинава ќе ја заврши со раст од 3,2 проценти од бруто-домашниот производ, или за 1,4 процентен поен пониски очекувања за разлика од првично планираното. Стапката на инфлација да достигне 7,2 проценти од БДП. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button