ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Владата го укина ДДВ-то за основните хранителни продукти и ги замрзна маржите

ДДВ-то за основните хранителни продукти се намалува од 5% на 0, соопшти на денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски. Како што кажа тој мерката се однесува на основните хранителни производи.
„Основните производи на кои ќе се однесува оваа мерка се: леб, шеќер, брашно тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко, свежо месо, ориз и јајца. Ги замрзнуваме маржите за основните производи за исхрана. Со оваа мерка спречуваме создавање на наднормален профит, а ќе се ублажи ценовниот шок врз одредена категорија прехранбени производи“, рече Ковачевски.