ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Владата го усвои предлог законот за правична застапеност

Владата го усвои предлог законот за соодветна и правична застапеност, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес конференција со првиот заменик претседател на Владата, Изет Меџити. Како што рече Мицкоски, со законот се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор, на државно и на локално ниво.
„Овој закон има јасна цел – администрацијата да биде вистински сервис на граѓаните изградена врз заслуги, знаење, професионалност, интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор“, рече Мицкоски.
„Законот е гаранција дека етничките заедници ќе бидат соодветно и правично застапени, но тој ќе ги штити квалитетите на сите етнички заедници“, додаде Мицкоски.