ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата и годинава ќе го субвенционира парното греење во Скопје

Во Буџетот има одвоено средства во износ од 250 милиони евра за антикризни мерки, а една од антикризните мерки е и субвенционирање на парното греење во Скопје. Ќе ги видиме пресметките што ги дале компаниите кои учествуваат во производството и дистрибуцијата и проценките за движење на цената на гасот и на другите енергенси од кои се произведува топлинската енергија и соодветно на тоа Владата ќе направи субвенционирање со цел да нема ценовен шок за граѓаните исто како што обезбедивме да нема ценовен шок и минатата година, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements

-Минатата година граѓаните имаа можност да видат во нивните сметки дека електричната енергија беше субвенционирана во однос на пазарната цена и до 80 и над 80 проценти во некои месеци. Така и ќе продолжи. Истото беше и со парното, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button