ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата и МНР молчат за содржината на анексот што го бара Бугарија за старт на преговорите со ЕУ

Владата и Министерството за надворешни работи не го коментираат анексот од 12 точки што го спомена бугарскиот вицепремиер Каракачанов како услов за почеток на преговорите со ЕУ. Од Министерството за надворешни работи велат дека чекаат повратни информации од Софија за предложениот акциски.

Advertisements

„Министрите Османи и Захариева комуницираа оваа недела. Договорено е во наредните денови да се разменуваат предлози од двете страни за Акциониот план. За време на редовната комуникација постојано има размена на мислења и идеи; двете страни често ги споделуваат своите предлози и ставови, каде ги потенцираат и појаснуваат своите позиции. Најнов е Акциониот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 година, што е предлог на нашата страна и за кој деновиве очекуваме да добиеме одговор и/или забелешки и предлози од страна на Бугарија.“

За министерот Османи, билатералниот проблем, но и решението лежи во договорот од 2017 година и секое излегување од оваа рамка предизвикува конфузија.

„Решението, единствената формула е да се вратиме на принципите на договорот, но да најдеме механизми како да го направиме попредвидлив, побрз и подинамичен, за да создадеме резултати.“

Но, бугарскиот вицепремиерот Каракачанов синоќа изјави дека Софија очекува Скопје да одговори за предлог-анексот, а откри и некои од 12-тте точки во него.

 Северна Македонија има шанса да добие датум за почеток на преговорите следниот месец или овој месец, јануари, ако седнат и го потпишат тој анекс на договорот, што ние го предлагаме. Постојат 12 точки кои се многу јасни. Првата е откажување од историските тврдења, откажување од претензиите за малцинство, промена на образовниот систем.

Македонската опозиција пак, бара одговори од Владата за анексот што го споменува Каракачанов. Од партијата на Мицкоски велат дека според нивните информации, анексот содржи лоши позиции за македонскиот идентитет.

„Срамота е за македонскиот идентитет, јазик, историја да се дискутира во телевизиски емисии во Софија, без никој во Македонија да знае што има на маса! Истовремено е срамота што Димитров ги убедува Македонците дека треба да го стават во мирување спорот со Бугарија, додека Бучкоски се подготвува за нова средба!“

 

Владиниот специјален претставник Бучковски во вторник или среда патува за Софија, но од МНР не кажуваат какви пораки тој ќе однесе таму.

 

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button