МАКЕДОНИЈА
Владата и опозицијата продолжија да се препукуваат околу можноста Собранието да работи „онлајн“

Министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш ги замолува пратениците да ја разгледаат можноста Собранието да работи „онлајн“, што според него е изводливо.
ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа седниците на Собранието да се одржат целосно „онлајн“.
Но, за разлика од претходниот ден, оваа партија сега е подготвена да разговара за можноста пратениците кои имаат одлука за изолација, да можат да гласаат од дома.
Ден претходно, парламентарното мнозинство побара пратениците кои се заразени и имаат одлука за изолација, да можат да гласаат од дома. Во спротивно, се загрозува мнозинството за носење на законите. Тројца пратеници – двајца од власта и еден од опозицијата се позитивни на вирусот.
Фатлуме Дервиши