ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата и СОНК се договорија, октомвриската плата повисока за 5%

Владата и СОНК се договорија, октомвриската плата повисока за 5%

Вработените во основното и средното образование ќе добиваат плата за 5% повисока почнувајќи од октомвриската плата. Синдикатот за образование и наука денеска постигна договор со Владата, кој, како што велат, ќе гарантира стабилно зголемување на платите во овој сектор во наредните четири години.
По октомвриското зголемување од 5%, вработените во основното и средното образование ќе имаат зголемување од 7% во март следната година, зголемување од 7,5 до 10% во март 2026 година, зголемување од 7,5 до 10% во март 2027 година и зголемување од 10 до 12,5% во март 2028 година.

Advertisements

 Планирано зголемување на платите во образованието
Во октомври 2024 година, зголемување од 5%
Во март 2025 година, зголемување од 7%
Во март 2026 година, зголемување од 7,5-10%
Во март 2027 година, зголемување од 7,5-10%
Во март 2028 година, зголемување од 10-12,5%
Договорот е долгорочно решение за да нема штрајкови и протести секоја година, вели премиерот Мицкоски.

Договорот уследи неколку недели откако СОНК инсистираше на средба со владата на Мицкоски за да се постигне нов договор за платите во образованието./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button