ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Владата и стопанствениците разгледуваат нови анти-кризни мерки

Владините претставници денеска со професори и претставници на стопанските комори ќе разгледуваат кои нови мерки да бидат донесени за граѓаните и стопанството за да ги избегнат ценовните шокови. Можни даночни ослободувања, допрецизирање на ограничените маржи ќе бидат дел од разговорите, најави попладнево премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisements

„Се прават анализи во однос на сите аспекти, како од аспект на даночниот дел на цените, маржите на цените и согласно анализите и советите ќе бидат донесени мерките и предложени на Владата. Секој предлог треба да има пресметка за фискалната импликација коишто ќе го има, а она што ќе го разговараме денеска е токму тоа да ги виде ефектите за да може Министерството за финансии да ги финализира мерките“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button