ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата ја започна постапката за набавка на 200 илјади кинески вакцини

Владата започна постапка за набавка на 200 илјади кинески вакцини „СиноВак кои во текот на овој месец се очекува да дојдат во единствен контингент од Пекинг до Скопје. Но, сега откако беа отстранети законските бариери за набавка на вакцини од странски компании кои немаат претставник во земјава, СДСМ излезе со нови обвинувања до опозицијата.

Advertisements

 Од ВМРО ДПМНЕ велат дека ги обединиле гласовите со власта само за да се отвори патот за набавка на вакцини, кои според нив, досега не пристигнале поради неспособноста на власта.

 Во меѓувреме, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 25 до 31 јануари, има зголемување од 17,9% на новозаразени со корна вирусот кај нас во споредба со минатата недела. Од 13.742 тестови биле регистрирани 2.036 нови случаи во 33 градови. Извештајот покажува дека во последната недела над 41% помалку од претходната недела од пациентите биле излекувани, а смртноста се намалила за 7,2%. Зголемувањето на кривата според инфектолозите се должи на новата британска варијанта на вирусот која се шири и до 70% побрзо од Ковид-19.

Подготви: Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button