ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Владата ќе чека уште поскапувања, па дури потоа ќе реагира

Власта ќе чека цените на основните производи дополнително да поскапат, па дури потоа да реагира и да ги замрзне цените на дел од нив. Велат дека ја следат состојбата со цените на продуктите кои се произведуваат во земјава, но и на оние кои се увезуваат. Засега тврдат дека ситуацијата не е загрижувачка и затоа немало да брзаат со вакви мерки.

Advertisements

Ако има ценовни шокови ние веднаш ќе постапиме како Министерство за економија, повикувајќи се на Законот за трговија – и за малопродажба и за големопродажба, како тоа што го направивме минатата година, каде што не дозволивме да има ценовни шокови, каде што граѓаните можеа да плаќаат поголеми цени – изјави Крешник Бектеши министер за економија.

Министерот не прецизираше кои производи конкретно би биле опфатени со замрзнувањето на цените, што инаку се прави преку посебна одлука на Владата. Само нагласи дека тоа се основните артикли од минималната потрошувачка кошничка.

Алсат се обиде да добие стручно мислење што би значело за граѓаните, но и за фирмите евентуалната ваква владина мерка. Но, ниту од Сојузот на стопански комори, ниту од Стопанската комора не сакаа да зборуваат. Дел од правниците пак, чие поле е трговското право, исто така не сакаа јавно да коментираат со образложение дека мерката за замрзнување на цените засега има доста нејаснотии.

Што се однесува пак, на трошоците за живот, денеска нов извештај објави Државниот завод за статистика. Во него се наведува дека во септември годинава во однос на истиот месец лани забележано е поскапување на живејачката за безмалку четири отсто. Има и раст на цените на мало за 5.6 проценти. Што се однесува до потрошувачката кошничка, таа за една година поскапе за околу 1.000 денари. Најголем раст на цените имаме кај храната и сметките за домување.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button