МАКЕДОНИЈА
Владата ќе го разгледа предлогот на Пендаровски да се пролонгира рокот за замена на документи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе се консултира со двајцата министри со кои разговарал претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со предлогот да се пролонгира рокот за замена на лични документи кој, согласно Преспанскиот договор, истекува на 12 февруари.
„Ќе се консултирам со двајцата министри со кои разговарал претседателот. Сите предлози кои може да унапредат нешто за мене се добри. Верувам дека и претседателот може да се чуе со претседателката на Грција бидејќи, сепак и тоа е нивото на кое може да се комуницира. Ќе поразговараме на седница на Влада во однос на можноста ова да се направи“, изјави Ковачевски