МАКЕДОНИЈА

Владата ќе расправа за новиот пакет мерки, а Собранието за законски измени за справување со Ковид-19

Сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 отсто, забрана на јавни настани и препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес, се пакет мерките за намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, кои денеска на седница на Владата ќе ги предложи министерот за здравство Венко Филипче.

Advertisements
Собранието, пак, ќе расправа за претходниот пакет мерки предложени од Комисијата за заразни болести. Во Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка, за кој ќе расправа Собранието, се вметнати претходните предлози на Комисијата – задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири.

– Значи, оваа е единствена законска измена што ќе даде можност за сите овие други мерки да се прифаќаат од Владата без дополнителна измена во законот. Треба мнозинство од 61 пратеник. Јас не очекувам да трае целиот тој процес повеќе од неколку дена. Верувам дека до крајот на неделата овие мерки ќе бидат во сила, изјави вчера Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button