МАКЕДОНИЈА
Владата ќе расправа за патувања без тест за ковид-19 во регионот

Владата на денешната седница ќе ги разгледува препораките од Комисијата за заразни болести и ќе донесе одлука за ПЦР-тестовите за патувања во регионот, сугестиите се позитивни, но само за неопходни патувања. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека на владината седница Комисијата ќе изложи своите аргументи преку министерот Венко Филипче и Владата ќе донесе одлука.