ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Владата ќе решава за укинување на полицискиот час

Целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица, се новите препораки кои вчера ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб, а се очекува денеска на својата седница да ги усвои Владата.
Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба е стабилна и ја дозволува ваквата одлука.