ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата ќе се заложи за решавање на прашањето со Бугарија до лето

Владата ќе се заложи за решавање на прашањето со Бугарија до лето, но не и подолго. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека преостанатите недели се веројатно единствениот начин да се спасат односите меѓу Скопје и Софија, и да не се уништи она што е досега постигнато. По ова време, Скопје вели дека нема повеќе енергија целосно да се посвети на тоа прашање како што правеше досега.

„Мислам дека сме должни да не ги изложуваме граѓаните на такви бескрајни фрустрации и очај. Ќе треба еден ден да се стави точка, и да се каже „доста е“. Веќе не можеме да имаме таков пристап каде владите ќе бидат тематски, каде што ќе се занимаваат само со едно прашање и една надеж. Ќе треба да се фокусираме внатре и да продолжиме со реформите и европеизацијата на државата, но нема да има повеќе енергија да продолжиме како досега, изјави Бујар Османи, Министер за надворешни работи

Ова според министерот Османи, не го доведува во прашање Договорот за добрососедство од 2017 година.

Комуникацијата со Софија продолжува и Владата очекува дијалогот да се конкретизира во наредните недели. Доколку има договор, тој ќе биде сеопфатен за сите отворени прашања, каде ќе се дефинира и времето на нивно спроведување. Османи вели дека во преостанатиот период и опозицијата мора да биде конструктивна и да го разбере моментот. Според него, најавената блокада на Собранието секако е пречка во овој поглед.

„Овој обид за блокирање на Собранието ја тера водата кон оние кои бараат алиби, дека Северна Македонија е таа која не е конструктивна во овој процес, не може да исполни дел од своите обврски и не е подготвена за ЕУ, изјави Бујар Османи, Министер за надворешни работи

Засега нема најавена политичка средба на високо ниво со Софија во наредните недели, иако има уште неколку недели до Самитот на ЕУ во јуни. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button