ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владата молчи, не кажува дали побарал одговорност од општините за вртоглавите долгови

Од Владата допрва треба да одговорат на прашањата на ТВ Алсат дали ги повикале локалните власти да одговараат за високите долгови, бидејќи извршната власт во неколку наврати издвојуваше пари од буџетот за помош на задолжените општини. Една од нив е општина Арачиново, чии градоначалници признаа дека во оваа општина немало софтвер за наплата на данок на имот. Од Антикорупциската комисија велат дека овој случај е големо нарушување на системот.

Advertisements

Музафер Бислими, кој беше на чело на оваа општина од 2006 до 2009 година, ги демантира своите наследници, велејќи дека кога тој бил на чело на општината биле регистрирани 1.800 куќи и наплатен е 10 отсто од данокот на имот. Тој вели дека вината е на градоначалниците кои дојдоа по него, кои, како што вели, не го продолжиле или зајакнале овој систем.

„Тие пари се регистрирани и тоа може да се провери во општинската архива. Ова верувам дека постои ако не го уништиле. Оние кои дојдоа по мене треба да се надоврзат на она што го најдоа и да го зајакнат уште повеќе. Не познавам некој од градоначалниците кој ми се обратил за појаснување дали имало или не информации. На градоначалникот кој дојде по мене, му кажав дека има податоци“, рече Музафер Бислими – поранешен градоначалник на Арачиново.

Но, Басри Бајрами, кој ја презеде општината по Музафер Бислим, и актуелниот градоначалник Ридван Ибраими велат дека никој не се занимавал со наплата на данок на имот.

„Не е точно дека не сме донеле решенија за плаќање данок на имот. Административните служби ја имаат целата документација и можат да дадат детали“.

– Кога го добивте мандатот, ве извести ли г. Бислими дека во општината има повеќе бази од наплата на даноци?

„Не“, рече Басри Бајрами- поранешен градоначалник на Арачиново.

Општина Арачиново беше одвоена од Гази Баба во 1996 година, а децентрализацијата се случи во 2005 година, кога општините стана одговорни за наплата на даноците од жителите.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button